URIMIL лепенки

Лепенките Urimil Forte Neuro се најновиот член на семејството Уримил – кое претставува цел спектар на научно формулирани производи препорачани од специјалисти за невропатска болка.

URIMIL лепенки

URIMIL FORTE NEURO / УРИМИЛ ФОРТЕ НЕУРО затоплувачки лепенки со арника, ѓаволски нокт и магнезиум, 7 парчиња.

Тие се производ за локална примена и можат да се употребуваат и во акутни и во хронични состојби кои ги опфатаат нервите, мускулите, зглобовите и тетивите.

Лепенките Urimil Forte Neuro се изработени од неткаен материјал со биокомпатибилна, удобна и неиритирачка површина, натопена со синергистичка комбинација од 5 активни состојки:

  • Уридин монофосфат
  • Екстракт од арника (Arnica Montana)
  • Екстракт од ѓаволски нокт (Harpagophytum Procumbens)
  • Метилсулфонилметан (dimethyl sulfone)
  • Магнезиум (магнезиум хлорид)

Производот е создаден по технологија која обезбедува постепено ослободување на активните состојки во текот на 24 часа, насочени кон:

  • намалување на воспалението
  • стимулација на циркулацијата на крвта и процесите на опоравување
  • обезбедување ефект на затоплување и подобрување на удобноста во погодената регија

лепенките Urimil Forte Neuro можат да се употребуваат сами и/или во комбинација со Urimil Gel, во тој случај двата производи взаемно го надополнуваат и го подобруваат нивниот ефект и добивате синергија од непосредното дејство на гелот и долготрајниот ефект на лепенките.

Нивната големина од 8 х 14 см ги прави погодни за лепење на големи површини на телото како што се половината и грбот, а доколку се потребни за лекување на помала површина, лепенката има можност да се преполови.

Сликите се само за илустративни цели и служат за илустрација на големината на лепенките на Уримил. Нивната вистинска боја е прозирно бела, а покриената површина може да варира во зависност од големината на вашето тело.

Карактеристики:

  • Локална апликација
  • Продолжено 24-часовно дејство
  • Природни состојки
  • Комбинација на 5 добро проучени комплементарни активни супстанции
  • Природни состојки
  • Брз и траен ефект на затоплување
  • Дискретни, не се гледаат под облеката
  • Флексибилни и немасни, лесни за нанесување
  • Со лесна и пријатна арома
  • Удобни, биокомпатибилни со кожата
  • Нивната големина е 8 х 14 см, со можност за преполовување доколку е потребно за да се покрие помала површина
  • Произведени во Холандија

 

Состав:

Acrylates Copolymer, Arnica Montana Flower Extract, Harpagophytum Procumbens Root Extract, Vanillyl Buthyl Ether, Disodium Uridine Phosphate, Dimethyl Sulfone, Sodium Chloride, Magnesium Chloride, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin.

 

Уридин монофосфат (UMP). Локално нанесен, уридин се апсорбира преку кожата, што доведува до обновување на структурата и функцијата на нервите (Хартингер и др., 2012). Уридин е вклучен во синтезата на РНК, протеините и фосфолипидите, кои се клучни за градба на клеточните мембрани и особено на мембраните на нервните клетки. Стимулира репродукција на нервните клетки и формирање на нови гранки на нервите (Manhães et al., 2017). Фармаколошките студии покажуваат дека уридинот го забрзува и поддржува невромускулното закрепнување и го потиснува спроведувањето на болката во ‘рбетниот мозок.

Арника (Arnica montana) е растение од семејството Сончоглед, кое расте главно во Сибир, Централна Европа, Канада и Јужна Америка. Главните активни состојки во екстрактот од арника се т.н. сесквитерпенски лактони. Меѓу нив, најважниот е веројатно хеленалин, кој има антиинфламаторно дејство (Lyss et al., 1998), ефект на ладење и делува аналгетски. Локално применет екстрактот од арника се употребува за лекување на остеоартритис, ревматоиден артритис, смирување на болки во мускулите, заздравување на модринки, дисторзии и рани.

Ѓаволска канџа (Harpagophytum procumbens) е повеќегодишно растение кое може да се најде само во Јужна Африка, и токму затоа се нарекува и  Африкански гераниум. Активните состојки содржани во неговиот екстракт имаат силно изразен антиинфламаторен и аналгетски ефект, а неговата локална примена доведува до подобрена подвижност и квалитет на живот кај пациенти со остеоартритис, ревматоиден артритис, тендинитис и болки во грбот и половината. (Wegener, 2000; Denner, 2007).

Метилсулфонилметан (МСМ) е органско соединение на сулфур, и претставува природен извор на сулфур за организмот. МСМ има голем капацитет да поминува низ клеточните мембрани и со тоа има влијание врз разни клетки и ткива. Применет локално, ја измазнува и омекнува кожата, ја зголемува енергијата, циркулацијата и го забрзува метаболизмот и заздравувањето на раните. Има антиоксидативни и антиинфламаторни ефекти (Butawan et al., 2017), кои играат клучна улога кај пациентите со остеоартритис. МСМ е ефикасен кај болка во мускулите после вежбање поради снабдувањето со сулфур на сврзното ткиво и спречување на локално воспаление како резултат на микротраума.

Магнезиум (Mg) ја релаксира мускулатурата и ја намалува болката блокирајќи ги NMDA рецепторите во нервните клетки. Применет на локално ниво, тоj поминува низ кожата и го зголемува нивото на магнезиум во организмот, а овие нивоа се во зависност од концентрацијата на применетата количина и времето на изложеност (Kass et al., 2017; Chandrasekaran et al., 2016). Тој е кофактор во над 300 ензимски реакции во организмот и е важен за контракција на мускулатурата, за нервната сигнализација и невромускулната спроводливост. Тоа е причината зошто магнезиумот е важен во третманот на болести на периферниот нервен систем и локомоторниот апарат, бидејќи значително ги олеснува симптомите како што се болка, пецкање и вкочанетост. (Na et. al., 2011).

Начин на употреба:

  1. Измијте ги рацете темелно со вода и сапун пред да нанесете лепенка Urimil Forte Neuro. Исчистете ја кожата за да отстраните нечистотија, лосиони или масла и исушете ја кожата со крпа.
  2. Отстранете го заштитниот слој на лепенката и нанесете ја со лепливата страна врз кожата. Користете ги прстите за да бидете сигурни дека лепенката е цврсто нанесена на кожата. Не треба да има нерамни места или набори.
  3. По апликацијата, проверете дали кесичката е затворена за да ги зачувате преостанатите лепенки.

Нанесете една лепенка Уримил Форте Неуро дневно.

Лепенките не се масни и се лесни за нанесување. Тие се флексибилни и не се видливи под облеката. Пријатната и слаба арома на лепенката нема да предизвика продорна миризба.

Пакување: 7 лепенки со големина 14 x 8 см

Предупредување: Не ги употребувајте во случај на алергија на која било од состојките / Само за надворешна употреба; Производот е наменет за еднократна употреба / Избегнувајте контакт со очите / Не ставајте ги на отворени рани или оштетена кожа / Прекинете ја употребата во случај на преосетливост или иритација / Да се чува подалеку од дофат на деца.

Производител: PK Benelux, BV Vluchtoord 17, 5406 XP Uden, Холандиjа

Увозник и дистрибутер: „Визиомед ГБГ” ДООЕЛ, Скопје, ул.Ристо Равановски бр.3,

тел. 02/5203 349, viziomed@viziomed.com