Urimil Plus




URIMIL PLUS

URIMIL PLUS / УРИМИЛ ПЛУС за периферниот нервен систем



Нарачајте онлајн:
24apteka.mk



Уримил Плус / Urimil Plus е додаток на исхраната што ја поддржува нормалната функција на периферниот нервен систем. Создаден за да се грижи за половината и грбот, секоја капсула Уримил Плус содржи оптимална комбинација од 7 хранливи состојки кои помагаат во регенерацијата на оштетените неврони.

Корисни информации:

Болка во половината, грбот или екстремитетите може да се должи на:

  • повреди (пад, удар, дислокација и др.)
  • хируршки операции
  • воспалителни или заразни болести (грип, вирусни инфекции и др.)
  • други заболувања (дегенеративни промени, стеснување на ‘рбетниот канал, спондилолистеза, остеопороза, блокади, проекциона болка при заболувања на внатрешните органи, онколошки заболувања, дијабетес, недостатоци во исхраната, токсични агенси и лекови)

Едни од најчестите заболувања на периферниот нервен систем се:

  • ишијас
  • лумбаго
  • дископатија
  • цервикален радикулит
  • интеркостална невралгија
  • плексити

Периферниот нервен систем (ПНС) е продолжение на централниот нервен систем (ЦНС), кој го сочинуваат мозокот и ‘рбетниот мозок. Главната функција на периферниот нервен систем е да го поврзе ЦНС со екстремитетите и со органите на телото. За разлика од ЦНС, ПНС не е заштитен со коскено ткиво (череп и ‘рбет) како што е случај со мозокот и ‘рбетниот мозок и е подложен на оштетување.

Нервните клетки се најмалите структурни единици на нервниот систем. Нивниот број е околу 100 милијарди, при што секој неврон е поврзан со најмалку 10.000 други. Невроните во нервниот систем варираат по форма и големина, но структурата им е слична. Невронот се состои од тело и продолжетоци. Едниот од продолжетоците, наречен аксон, е подолг од другите и е покриен однадвор со посебна миелинска обвивка, која игра улога на изолатор при пренесување на нервниот импулс. Преку аксонот, клетката испраќа информации до останатите клетки.

Urimil Plus

Кога миелинската обвивка („изолаторот“) е оштетена, невронот не може да функционира нормално и се појавуваат разни симптоми, вклучително и болка.

Болката е една од манифестациите на заболувањата на периферниот нервен систем, кои се многу чести. Утврдено е дека секое трето лице страда од болки во грбот (дорзалгија).

Регенерација на периферните нерви

За да може организмот да ги активира своите сопствени механизми за обновување (регенерација), потребни се определени хранливи материи. Уримил Плус/Urimil Plus му обезбедува на организмот вистинска комбинација од 7 важни хранливи материи, кои помагаат повторно да се изгради обвивката од миелин, и оттаму да се регенерираат оштетените неврони:

Уридин монофосфат:

  • учествува во синтезата на нуклеинските киселини;
  • учествува во изградбата на клеточните мембрани;
  • изградува дендрити, кои ја поддржуваат синаптичката функција;
  • го стимулира формирањето миелин (изолаторот на аксонот)
  • ја подпомага и забрзува невромускулната регенерација и ја запира болката.

Уридинот е присутен во многу хранливи продукти, но во тој облик не е биорасположлив што се должи на фактот дека речиси целосно се разградува во црниот дроб и во гастроинтестиналниот тракт.

Фолна киселина:

  • Фолната киселина, исто така наречена витамин Б9, е еден од најважните витамини за здравјето:
  • учествува во создавање на голем број ензими;
  • учествува во синтезата на ДНК и РНК;
  • учествува во синтезата на важни аминокиселини;
  • влијае врз активноста на гените во нервните клетки и помага во регулирањето на гените вклучени во регенерацијата;
  • помага за регенерација на аксонот и негово враќање во функција по повреди.

Витамин Б12

Витамин Б12, односно кобаламин, е потребен за производството на миелин. Вкочанетост, пецкање и губење на осетливоста во екстремитетите се дел од симптомите на периферна невропатија поради недостиг на витамин Б12. Статистичките податоци покажуваат дека помеѓу 5% и 20% од возрасната популација имаат дефицит од витамин Б12, а до 40 % имаат ниско ниво на Витамин Б12 во плазмата.

Витамин Б6

Витаминот Б6 е важен за метаболизмот на аминокиселините, гликозата и на мастите. Кај возрасните, невропатијата како последица од недостиг на Витамин Б6 започнува со вкочанетост или силна болка во стапалата, што потоа се пренесува нагоре и влијае на нозете и на рацете. Иако Витаминот Б6 е присутен во многу хранливи продукти, при процесот на готвење на храната доаѓа до загуба на витаминот до 70%. Од друга страна, луѓето не се во состојба да го синтетизираат витаминот Б6, така што внесувањето од надворешни извори е неопходно.

Витамин Б1

Тиамин (Витамин Б1) е витамин растворлив во вода и е присутен во повеќето растителни и животински ткива. Тој е важен е за клеточното дишење, за производство на невротрансмитери (глутамат и γ-аминобутерна киселина) и за одржување на миелинската обвивка. Недостиг на Тиамин води до невропатија позната како бери-бери и е првиот опишан синдром на витамински дефицит кај луѓето.

Како последица од недостиг на Витамин Б1 во исхраната, во рок од неколку дена до неколку недели, може да се појават замор, раздразливост и грчеви во мускулите. Клиничката слика за недостиг на Витамин Б1 започнува со губење на осетливостa, силна болка, слабост во мускулите на нозете и стапалата.

Витамин Б3

Витаминот Б3, познат уште и како ниацин или никотинска киселина, е важен за метаболизмот на јаглеродните хидрати, мастите и протеините, како и за трансдукцијата на меѓуклеточниот сигнал и обновата на ДНК во клетката.

Недостигот на ниацин во исхраната може да предизвика гадење, кожни и орални лезии, анемија, главоболки и замор.

Магнезиум (Mg):

Магнезиумот е важен микроелемент кој учествува во над 300 различни ензимски системи и со тоа регулира различни процеси во човековото тело, од кои една е и невромускулната спроводливост. Истражувањата покажуваат дека просечниот внес на Магнезиум во исхраната е релативно низок, достигнувајќи само од 30 до 50 % од препорачаниот дневен внес, кој изнесува 420 мг за мажи и 320 мг за жени на ден. Клиничка студија спроведена кај пациенти со хронична болка во долниот дел на грбот покажува значително намалување на болката и подобрена подвижност кај пациенти кои примаат Магнезиум.



Состав на 1 капсула
Магнезиум цитрат (со содржина на Магнезиум Mg-100mg) 689.66 mg
Уридин монофосфат 50 mg
Витамин Б1 (тиамин) 4 mg
Витамин Б3 (никотинамид) 10 mg
Витамин Б6 (пиридоксин) 6 mg
Витамин Б12 (цијанокобаламин) 10 µg
Фолна киселина 400 µg

Други помошни состојки:  магнезиум стеарат и микрокристална целулоза (емулгатори)

Препорачана дневна доза:  земајте по 1 капсула Уримил Плус на ден.

Времетраење на употреба: За оптимален ефект се препорачува производот да се употребува 3-6 месеци.

Пакување:  30 капсули, доволни за 30 дневен третман

Контраиндикации: Да не се употребува при бременост и доење. Да не се употребува при пречувствителност кон некоја од состојките на производот.

Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не е замена за разновидна исхрана. Да се чува на места недостапни за мали деца. Да не се употребува по истекот на рокот за употреба.

Услови на чување: На суво место, на температура под 25°C.

Производител: Plantapol, C/G 18, Pol.Malpica-Alfinden, La Puebla Del Alfinden Zaragoza, Spain

Увозник и дистрибутер: „Визиомед ГБГ” ДООЕЛ, Скопје, ул.Ристо Равановски бр.3,

тел. 02/5203 349, viziomed@viziomed.com








Нарачајте онлајн:
24apteka.mk



Корисни написи

Urimil

Имате невропатска болка?

Болката претставува неразделен, но несакан дел од нашата биологија. Особено непожелна и не добро разбрана е невропатската болка...

Urimil

Како да си помогнете при болки во нозете и вкочанетост!

Постојат огромен број на задоволства и активности кои се добри за нашето здравје – како на пример планинарење...

Urimil

Како ја надминав болката во мускулите!

„Животот со болка знае да биде неподнослив”. Ова го кажувам од лично искуство, бидејќи цели две години...

Urimil

Препознајте ја болката за да ја излекувате!

Сигурно сте слушнале дека болката претставува комплексен феномен. Ова значи дека многу различни фактори се вклучени во формирањето...