Urimil Gel




URIMIL GEL

URIMIL GEL / УРИМИЛ ГЕЛ при невропатии, артритични и трауматски болки 50 мл



Нарачајте онлајн:
24apteka.mk



Уримил гел е НОВ производ од брендот Уримил, препорачан од специjалисти наменет за хронична болка. Претставува локално средство со пет активни состоjки наменети за:

  • намалување на воспалението
  • олеснување на болката
  • обновување на функцијата на периферните нерви
Urimil Gel

Може да се употребува во широк спектар на невромускулни нарушувања, како што се:

  • болки во грбот и половината
  • болка и парестезија во екстремитетите
  • ревматоиден артритис
  • трауми на нервите и мускулатурата
  • болка предизвикана од артритични промени во зглобовите
  • мускулна болка
Urimil Gel

По нанесувањето, започнува да дејствува веднаш и директно на местото на апликација, имајќи ефект на пријатно затоплување. Не остава мрсни дамки.



Состав:

  • Уридин монофосфат (UMP)
  • Екстракт од арника (Arnica Montana)
  • Екстракт од Ѓаволска канџа (Harpagophytum Procumbens)
  • Метилсулфонилметан (MSM)
  • Магнезиум (магнезиум хлорид)
Urimil Gel

Уридин монофосфат (UMP). Локално нанесен, уридин се апсорбира преку кожата, што доведува до обновување на структурата и функцијата на нервите (Хартингер и др., 2012). Уридин е вклучен во синтезата на РНК, протеините и фосфолипидите, кои се клучни за градба на клеточните мембрани и особено на мембраните на нервните клетки. Стимулира репродукција на нервните клетки и формирање на нови гранки на нервите (Manhães et al., 2017). Фармаколошките студии покажуваат дека уридинот го забрзува и поддржува невромускулното закрепнување и го потиснува спроведувањето на болката во ‘рбетниот мозок.

Арника (Arnica montana) е растение од семејството Сончоглед, кое расте главно во Сибир, Централна Европа, Канада и Јужна Америка. Главните активни состојки во екстрактот од арника се т.н. сесквитерпенски лактони. Меѓу нив, најважниот е веројатно хеленалин, кој има антиинфламаторно дејство (Lyss et al., 1998), ефект на ладење и делува аналгетски. Локално применет екстрактот од арника се употребува за лекување на остеоартритис, ревматоиден артритис, смирување на болки во мускулите, заздравување на модринки, дисторзии и рани.

Ѓаволска канџа (Harpagophytum procumbens) е повеќегодишно растение кое може да се најде само во Јужна Африка, и токму затоа се нарекува и  Африкански гераниум. Активните состојки содржани во неговиот екстракт имаат силно изразен антиинфламаторен и аналгетски ефект, а неговата локална примена доведува до подобрена подвижност и квалитет на живот кај пациенти со остеоартритис, ревматоиден артритис, тендинитис и болки во грбот и половината. (Wegener, 2000; Denner, 2007).

Метилсулфонилметан (МСМ) е органско соединение на сулфур, и претставува природен извор на сулфур за организмот. МСМ има голем капацитет да поминува низ клеточните мембрани и со тоа има влијание врз разни клетки и ткива. Применет локално, ја измазнува и омекнува кожата, ја зголемува енергијата, циркулацијата и го забрзува метаболизмот и заздравувањето на раните. Има антиоксидативни и антиинфламаторни ефекти (Butawan et al., 2017), кои играат клучна улога кај пациентите со остеоартритис. МСМ е ефикасен кај болка во мускулите после вежбање поради снабдувањето со сулфур на сврзното ткиво и спречување на локално воспаление како резултат на микротраума.

Магнезиум (Mg) ја релаксира мускулатурата и ја намалува болката блокирајќи ги NMDA рецепторите во нервните клетки. Применет на локално ниво, тоj поминува низ кожата и го зголемува нивото на магнезиум во организмот, а овие нивоа се во зависност од концентрацијата на применетата количина и времето на изложеност (Kass et al., 2017; Chandrasekaran et al., 2016). Тој е кофактор во над 300 ензимски реакции во организмот и е важен за контракција на мускулатурата, за нервната сигнализација и невромускулната спроводливост. Тоа е причината зошто магнезиумот е важен во третманот на болести на периферниот нервен систем и локомоторниот апарат, бидејќи значително ги олеснува симптомите како што се болка, пецкање и вкочанетост. (Na et. al., 2011).

Начин на апликација:

Втрлајте го Уримил гел – со нежни масажни движења на погодената регија додека целосно не се апсорбира во кожата. Нанесете го на чиста кожа и за максимален ефект немојте да ја навлажнувате областа најмалку 3 часа по нанесувањето. Брзината на делувањето може да варира од личност до личност. Нанесете од гелот два пати на ден.

Пакување: 50 мл

Контраиндикации: Да не се употребува за време на бременост и доење, да не се голта, не го нанесувајте на отворени рани и лигавици, како и во случај на алергија кон некоја од состојките.

Производител: PK Benelux BV Vluchtoord 17, 5406 XP Uden, Холандија

Увозник и дистрибутер: „Визиомед ГБГ” ДООЕЛ, Скопје, ул.Ристо Равановски бр.3,

тел. 02/5203 349, viziomed@viziomed.com








Нарачајте онлајн:
24apteka.mk



Корисни написи

Urimil

Имате невропатска болка?

Болката претставува неразделен, но несакан дел од нашата биологија. Особено непожелна и не добро разбрана е невропатската болка...

Urimil

Како да си помогнете при болки во нозете и вкочанетост!

Постојат огромен број на задоволства и активности кои се добри за нашето здравје – како на пример планинарење...

Urimil

Како ја надминав болката во мускулите!

„Животот со болка знае да биде неподнослив”. Ова го кажувам од лично искуство, бидејќи цели две години...

Urimil

Препознајте ја болката за да ја излекувате!

Сигурно сте слушнале дека болката претставува комплексен феномен. Ова значи дека многу различни фактори се вклучени во формирањето...