Препознајте ја болката за да ја излекувате!

Сигурно сте слушнале дека болката претставува комплексен феномен. Ова значи дека многу различни фактори се вклучени во формирањето на сензацијата за болка, почнувајќи од хемиски реакции на клеточно ниво, до човековото социјално опкружување. Исто така, познато е дека има многу повеќе од еден вид на болка, и препознавањето за каков тип на болка се работи е клучно за успех на нејзиниот третман.

Две најпрепознатливи категории на болка се:

  • “Обична” или Ноцицептивна болка, претставува појава на болка поради повреда на телото.
  • “Необична” или Невропатска болка, претставува болка предизвикана поради оштетување на системот што известува и интерпретира повреди – нервниот систем.

Urimil

Замислете си ја разликата помеѓу двете болки како разлика помеѓу проблем со моторот и проблем со светло на таблата на автомобилот што свети во случај на проблеми со моторот. Или поконкретно:

Ноцицептивната болка произлегува од оштетување на ткивата за кои нервниот систем пријавува на мозокот. Ова е тип на болка што секое живо суштество ја учи преку мали несреќни настани како што се: убоди од пчела, изгореници од плочата за готвење или сериозни оштетување, како што се фрактури, чиреви и тумори.

Невропатската болка произлегува од оштетување на самиот нервен систем, како резултат на болест, повреда или компресија. Наједноставните невропатии се предизвикани од механичко потекло. Типичен пример може да се даде со приклештен ишијадичен нерв – притиснат во пределот на задникот, може да предизвика чувство на болка и трпнење по должината целата нога сè до стапалото.

Невропатската болка може да се јави во вид на бодење, печење или како што ја опишуваат некои пациенти – “како струја”. Честопати е придружена со треперење, пецкање и трнење во екстремитетите. За жал, ова е тип на болка што прогредира до хронична болка, ако засегнатите нервите небидат соодветно третирани.

Двата основни видови на болка често се преклопуваат. Некои медицински проблеми (како што се траумите) можат да влијаат и на специфични ткива и на нервите, создавајќи ноцицептивна и невропатска болка, заедно. Доколку се третираат само проблемите со ткивата, чувството на болка може да остане присутно долго по закрепнувањето, без видлива или дијагностицирана причина.

Еве го логичното прашање: „Како да се третираат нервите?“ Urimil претставува иновативен производ кој може да ги санира оштетените периферни нерви и да влијае на невропатската болка. Го снабдува телото со Уридин Монофосфат, пет есенцијални Б-витамини и Магнезиум – комбинација која ги придвижува сопствените механизми за обновување на нервните патишта, регенерирање на оштетените места и успешно потиснување на сигналот за болка.

Доколку имате невропатска болка или се сомневате дека имате таква, разговарајте со Вашиот лекар за можноста за употреба на Urimil, во комбинација со други ефективни мерки како што се контрола на тежината, масажа и кинезитерапија.


Нарачајте онлајн:
24apteka.mk






Корисни написи

Urimil

Имате невропатска болка?

Болката претставува неразделен, но несакан дел од нашата биологија. Особено непожелна и не добро разбрана е невропатската болка...

Urimil

Како да си помогнете при болки во нозете и вкочанетост!

Постојат огромен број на задоволства и активности кои се добри за нашето здравје – како на пример планинарење...

Urimil

Како ја надминав болката во мускулите!

„Животот со болка знае да биде неподнослив”. Ова го кажувам од лично искуство, бидејќи цели две години...

Urimil

Препознајте ја болката за да ја излекувате!

Сигурно сте слушнале дека болката претставува комплексен феномен. Ова значи дека многу различни фактори се вклучени во формирањето...