Имате невропатска болка?

Болката претставува неразделен, но несакан дел од нашата биологија. Особено непожелна и не добро разбрана е невропатската болка. Понекогаш таа се јавува како чувство на ненадејно бодење и печење, често дури и во средина на ноќта. Во други случаи, може да биде придружена со чувства како хронично трпнење, боцкање, скокоткање или печење кои едноставно не поминуваат.

Urimil

За подобро да ја разбереме невропатската болка, треба да зборуваме за главната цел на болката воопшто. Болката служи како еден вид на алармен систем за човековото тело. Кога раката е во опасна близина на пламен, нашите нерви му испраќаат сигнал за болка на мозокот: „Оваа личност ќе се изгори!“ Како одговор, нашиот мозок предизвикува рефлекс на повлекување на раката пред да можеме да се изгориме.

Оштетувањето на нервите може да доведе до оштетување на нашиот алармен систем за болка. Оштетените нерви можат да доведат до чувство на трпнење на одредени делови од телото – и не се јавува чувство за болка, кога како такво е потребено. И уште повознемирувачко – може да доведе до чувство на преосетливост. Оштетените нерви можат да предизвикаат „лажен аларм“ и да предизвикаат чувство на вистинска болка, без никаква надворешна причина.

Во многу случаи на невропатска болка, сосема нормални позиции и движења на телото (како што се стоење или одење) стануваат болни. Некои пациенти можат да започнат да чувствуваат болка дури и од нежниот допир на сопствената облека или од чаршавите, кои до неодамна им обезбедувале удобност и топлина додека спијат. Оставени на случајот, оштетувањата на нервите можат да се влошат со текот на времето и да нè „заклучат“ во состојба на постојана болка. За среќа, постојат начини болката да биде контролирана, па дури и да се лекува.

Urimil

Нервите се метаболно активни ткива со сопствен васкуларен систем (vasa nervorum), преку коj хранливите материи, клучни за нивното здравје, доспеват до нив. Такви супстанции се витамините од групата Б, чиј недостаток доведува до невропатии, дегенерација, сензорни нарушувања, и потешко заздравување на нервниот систем. Според статистичките податоци, околу 32 % од луѓето со дефицит на витамини од групата Б развиваат генерализирано оштетување на периферните нерви. Спротивно на тоа, нивната употреба може да придонесе за контрола на болката, за регенерација на нервниот систем, за нормализирање на рефлексите и чувствителноста. Не е случајно што тие се нарекуваат „невротропни“.

Друг елемент од голема важност за состојбата на нервното ткиво е Уридин Монофосфат. Тој е вклучен во создавањето на РНК и голем број на други неврални структури како што се дендритите (невронските продолжетоци) и миелинската обвивка (невронската изолација). Употребата на Уридин Монофосфат го забрзува санирањето на оштетените нерви и може да го потисне сигналот за болка.

Комбинацијата на Уридин Монофосфат и Б-витамини е оптимално дозирана во Urimil, иновативен производ за третман на невропатската болка преку регенерација на оштетените периферни нерви. Ако имате „невропатска болка“, разговарајте со вашиот лекар за можноста за употреба на Urimil, во комбинација со други ефективни мерки како што се контрола на телесната тежина и физиотерапија.


Нарачајте онлајн:
24apteka.mk






Корисни написи

Urimil

Имате невропатска болка?

Болката претставува неразделен, но несакан дел од нашата биологија. Особено непожелна и не добро разбрана е невропатската болка...

Urimil

Како да си помогнете при болки во нозете и вкочанетост!

Постојат огромен број на задоволства и активности кои се добри за нашето здравје – како на пример планинарење...

Urimil

Како ја надминав болката во мускулите!

„Животот со болка знае да биде неподнослив”. Ова го кажувам од лично искуство, бидејќи цели две години...

Urimil

Препознајте ја болката за да ја излекувате!

Сигурно сте слушнале дека болката претставува комплексен феномен. Ова значи дека многу различни фактори се вклучени во формирањето...