Постојат огромен број на задоволства и активности кои се добри за нашето здравје – како на пример планинарење, прошетки во парк, и разни други активности кои го прават животот поинтересен и поубав. Меѓутоа тоа не го практикуваме. Ги одбиваме поканите за прошетки, на спортски активности скоро да не ни помислуваме. Постојано се жалиме дека нешто не мачи: болки во грбот, вкочанетост на мускулите, ревматизам…Што ако сите овие проблеми се резулатат на невропатска болка? Време е да ставиме крај на ваквите непријатности и да си ја повратиме самодовербата.

Оштетувањето на нервите може да доведе до оштетување на нашиот алармен систем за болка. Во медицинскиот речник таквата болка се нарекува невропатска болка и често се карактеризира со несакано будење среде ноќ, предизвикано поради појава на чувство на пецкање и печење на кожата и слично. Некои луѓе можат да почувствуваат болка дури од нежниот допир на сопствената облека или од чаршавите, кои до неодамна им обезбедуваа удобност и топлина додека спијат. Оставени на случајот, оштетувањата на нервите можат да се влошат со текот на времето и да нè „заклучат“ во состојба на постојана болка. За среќа, постојат начини болката да се контролира, па дури и да се лекува.

Во човековото тело постојат околу 100 милијарди неврони (нервни клетки), при што секој неврон е поврзан со најмалку 10.000 други. Тие варираат по форма и големина, но структурата им е слична – секој од нив има тело и продолжетоци. Едниот продолжеток, наречен аксон, е подолг од другите и е покриен однадвор со посебна миелинска обвивка, која игра улога на изолатор при пренесување на нервниот импулс. Преку аксонот, нервната клетка испраќа информации до другите неврони. Кога миелинската обвивка („изолаторот“) е нарушена, невронот не може да функционира нормално и се појавуваат разни симптоми, вклучително и болка.

Клучни за здравјето на нервниот систем се витамините од групата Б, чиј недостаток доведува до невропатии, дегенерација, сензорни нарушувања, и потешко заздравување на нервниот систем. Според статистичките податоци, околу 32% од луѓето со дефицит на витамини од групата Б развиваат генерализирано оштетување на периферните нерви. Спротивно на тоа, нивната употреба може да придонесе за контрола на болката, за регенерација на нервниот систем, за нормализирање на рефлексите и чувствителноста.

Употребата на Уридин Монофосфат ја забрзува регенерацијата на оштетените нерви и може да го потисне сигналот за болка. Комбинацијата на Уридин Монофосфат и Б-витамини е оптимално дозирана во Urimil, иновативен производ за третман на невропатската болка преку регенерација на оштетените периферни нерви. Ако имате „невропатска болка“, разговарајте со вашиот лекар за можноста за употреба на Urimil во комбинација со други ефективни мерки како што се контрола на телесната тежина и физиотерапија.

Грижата за сопственото тело и состојбата на нервниот систем започнува уште во моментот кога ќе се појават првите симптоми на невропатска болка. Затоа, Urimil капсулите треба да бидат главна асоцијација за безгрижен живот без болка – крај на невропатските маки, трпнењето и непријатното чувство на болка во мускулите и зглобовите.